Висар Ганиу, член на „Огнената група“ на ДУИ коментирајќи го неговиот сопартицец Артна Груби вели дека под водство на првиот вицепремиер партијата наликува на ДПА на Мендух Тачи. Ганиу во интервју за „Република“ тврди дека секој што не мисли како Груби веднаш го елиминира бидејќи тој е главен во ДУИ.

 

Кога ДУИ функцонираше на јаки столбови овие работи беа минорни и со ова никогаш не се занимававме и затоа имавме симпатии кај народот. Колку и да не е убаво кога некој те критикува тоа е допринос кон себеси да се поправиш. Но, сега се луѓе кои се во партијата се без никаква база како што е Артан Груби. Јас сум убеден дека тој во негова месна заедница нема да помине, а не да стигне до тоа ниво. Нормално е дека ќе воведат такво функционирање кое наликува на Мендух Тачи и партијата ДПА кога беше во тој пад и гледаа да се спасат преку вакви работи а не да анализираат меѓу себе, да ги гледаат грешките и да ги поправат. Во моментов Артан Грби е број еден, згора на тоа е и вицепремиер и се реваншира на секој директор кој мисли исто како нас. Груби менаџира со сите министерства, со сите директори и практично се е под негова контрола.Ова го велам со голема одговорност. Секој што не мисли како Груби веднаш го брише и елиминира и паралелно формира други органи и на свој начин владее со сите тие организации и форуми внатре во партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.