Вицепремиерот Артан Груби во гостување на ТВ21 рече дека „има неколку изјави на директорот на Заводот за статистика (Апостол Симовски) кои се за жалење“ и дека „Албанците и останатите ќе излезат толку колку што се“.
Во емисијата се зборуваше за неодамнешниот коментар на Симовски кој за себе рече дека „ќе стане државен непријател број еден“ штом ќе бидат објавени резултатите од пописот на 30 март.
– Што сакаше да каже (Симовски) со тоа? – водителот го праша Груби.
– Јас знам, но ќе оставам тој да објасни – вели Груби. – Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да ви се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина направивте извонредна работа. Секој ден од пописот водевте кампања и со дијаспората. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.
Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Според него, Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се.
Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14 отсто, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес, рече Груби.
Статистичките податоци од септемврискиот попуст, кој беше одложуван неколкупати, треба да бидат објавени на 30-ти март. Статистичката операција со 20 години задоцнување, конечно треба да го донесе вкупниот број на населението и домаќинствата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.