„Го споделувам и поддржувам ставот на премиерот Ковачевски во однос на билатералниот дијалог со Бугарија и евроинтегративниот процес“, напиша вечерва на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби, осврнувајќи се на денешните случувања во Брисел.

Според Груби, „процесот на интеграција не смее да биде заложник на билатерални прашања и да се киднапира од менталитетот на деветнаесеттиот век“.

„Носењето на одлуки во Европската унија мора да претрпи длабоки реформи без одлагање. Не се откажуваме затоа што немаме друг пат, но нема ниту да станеме експеримент во 21 век“, пишува вицепремиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.