Смешно е што дозволуваат членовите и активисти на ДУИ, Артан Груби да ја приватизира партијата и да ги злоупотребува соопштенијата од ДУИ за да го одбрани сопствениот криминален октопод, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груби во неговото опкружување е познат како верен послушник на некои поранешни политичари и државни функционери кои се дел од тие процеси за кои ДУИ пишува соопштенија.

Неговата криминализираност исто како и неговиот идол е до степен на клептоманија.

Артан Груби кој важи близок до коцкарското лоби, на Македонија гледа како големо казино. Овој пат ДУИ се коцка со судбината на Македонија и на Албанците и на Македонците.

ДУИ наместо во немоќ да навредува и клевети, треба да се позанимава како се случи пожарот во модуларната болница, како се случи несреќата во Ласкарци, автобуската несреќа во Бугарија.

Неспособноста на Артан се плаќа со животи.

Секој почеток има свој крај, а крајот на Груби во политика се ближи, порачаа од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.