Нема одлука, нема именување на генерален конзул во Њујорк нема ништо вистина во тоа.Си продолжува со работа конзулот кој е назначен, рече вицепремиерот Артан Груби во врска со информациите дека Владата на затворена седница ја избрала тв-презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк.

На прашањето дали било разговарано на затворена седница, Груби рече: „Jас ја водев.Ви кажав не ви е точна информацијата“.

Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

– Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена, велат од МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.