Од годинава и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (МПСОЗ) ќе има буџет од 20 милиони денари кои ќе бидат наменети за невладини организации. Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество побарало од МПСОЗ да учествува при распределбата на парите, но досега не добил повратен одговор. Дополнителни 15 милиони денари се на сметката на Генералниот секретаријат на Владата за истата цел.

Советот се понуди да му помогне на Министерството околу дефинирање на приоритетите и програмирање на средставата, дизајнирање на јавниот оглас и учество во селекцијата за доделување. Одговор уште немаме и не знаме како тоа ќе оди, изјави за „Слободен печат“ Фани Каранфилова Пановска, претседателка на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Генералниот секретаријат на Владата во моментов располага со 15 милиони денари наменети за 463 трансфери кон невладини организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.