Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон.Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упад во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја изманипулира јавноста зошто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се однесува ДУИ и дека страшно ќе ги казнат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ мисли дека го поседува судството, и врши притисоци, а потврда за тоа стигнаа и од нашите меѓународни партнери и е дувлото на криминалот и корупцијата.Донаторите на ДУИ се главни добитници на тендерите во инстуциите каде раководните структури се од ДУИ.Братот на Груби купува дуќан во центар на Скопје по цена од 700 евра м2, како да купува гаража на периферија на Скопје.Внукот на Ахмети не знае што попрво да прави. Од бизнисмен кој ја купи Соравија без денар до полн гепек со петарди.Пука по сите шавови Груби, зошто знае дека крајот доаѓа, затоа што никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме. набројува опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.