Бојан Маричиќ, актуелниот вицепремиер за евроинтеграции, направил убедливо најголеми трошоци од сите останати владини функционери со потрошени 816 илјади денари за 11 месеци во 2021 како тогашен министер за правда.

На сметка на буџетот, потрошил 213 илјади денари за авионски патувања. На аеродромите користел и вип-салон за 7.500 денари. Нарачал оброци за 163 илјади денари во приватните угостителски објекти, а во државните, кои знаеме дека се многу поевтини за функционерите, пријавил 92 илјади денари. Ручеците во странство Маричиќ ги платил 69 илјади денари, објави „Фактор.мк“.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во однос на претходните години најмногу потрошил за авиобилети во 2021 (976 милиони) и 472 милиони за хотелски сместувања, но природата на неговата функција е таква што неговите трошоци може да се каже дека се пооправдани. Убедливо најмногу потрошил вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, над 1,2 милиони денари, но и за неговите „потреби“ може да има разбирање, поради задолжувањата што ги има.

Првиот вицепремиер Артан Груби се мезел во надворешни ресторани за 272 илјади денари, речиси за двојно повеќе од една година претходно.

Целиот текст на Фактор.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.