Артан Груби не треба да лее крокодилски солзи, туку да излезе на прес-конференција и да одговори на три прашања:

Дали е вклучен во криминал и дали соработува со подземните криминални структури на РСМ, кои сега се обидуваат да ги расчистат „сметките со него“? Затоа што, овој сомнеж го отвораат синхронизираните и непосредни реакции на функционерите на ДУИ, АА и СДСМ во Владата.

Или намерно си го запалил личниот автомобил за да го сврти вниманието на јавноста од информациите кои секојдневно излегуваат во јавност и ги истакнуваат сомнежите за вмешаност во криминал и корупција на лидерот на ДУИ Али Ахмети и други функционери на ДУИ, како и злоупотреба на службената должност од негова страна, за што сведочеше и самата вицепремиерка Грковска.

И трето, тоа што својот луксузен автомобил го има регистрирано на туѓо име, Артан Груби мора да даде отчет и за тоа колку други имоти сокрил на туѓо име, и во име на членови на неговото семејство и други доверливи луѓе. Доколку Груби не го направи ова, ги повикуваме надлежните институции, Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да започнат истраги за Артан Груби врз основа на нивните надлежности.“- стои во соопштението на партијата.

Ние како Движење БЕСА, не веруваме дека овој настан е случаен, само неколку часа по појавувањето во медиумите на потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, кој откри вистински информации за сомнежите за криминал и корупција на лидерот Али Ахмети и неговото семејство, како и нови информации кои постојано ги откриваат медиумите. За оние кои се 20 години на власт и го угнетуваат народот, не им значи ништо да се запали автомобил за да се оттргне вниманието од вистинските проблеми на граѓаните.

Исто така, АА и неговите функционери мора да излезат пред граѓаните и да дадат отчет зошто молчеа за сите сомнежи за криминал што се појавија за ДУИ и нејзиниот лидер и беа „оживеани“ само кога требаше да се брани Артан Груби.

Го повикуваме раководсвтото на АА да го слушаат гласот на граѓаните и нивните поддржувачи, а не Артан Груби

И за крај, се надеваме дека Артан Груби со помош на АА, наместо да ја игра улогата на жртва, ќе се појави во јавноста за да ги разјасни причините за палењето на автомобилот!, додаваат од БЕСА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.