Ако се проневери еден денар од проектот за изграда на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во месечното ораќање во Стопанската комора на Македонија на тема „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“.
Тој порача дека не познава ниту еден политичар кој ќе си дозволи во коруптивни активности во проект што го спроведуваат вакви компании, истакнувајќи дека хајката што се води е само за дневна политика.
Груби информираше дека досега не се исплатени средства а првите авансно плаќање за почеток на градежни работи и тоа ќе иде објавено на порталот Отворени финансии.
Измените на Законот за работни односи, што се дел од пакетот закони за забрзување на реализацијата на проектот, не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците – рече Груби.
Според Груби, во Договорот никаде не стои исплата на пенали, а домашните градежни компании ќе имаат голема корист во тек на целиот градежен процес со тоа што над 51 процент од работите ќе иде од домашни ресурси.
Покрај стопанственици на настанот присуствуваат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и раководители на други институции поврзани со проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.