Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска нене гледа причина договорот со „Бектел и Енка“ за изградба на коридорите да не биде објавен. Според неа, станува збор за стратегиски договор од национален интерес.
Не сум сигурна, но ќе проверам дали има некоја клаузула која би го спречувала тоа. Во спротивност, пак ќе кажам, тоа е договор од стратегиски интерес и не мислам дека треба да биде сокриен од јавноста“, изјави денеска Грковска.
Ова нејзино тврдење еспротивно од нејзиниот колега Артан Груби кој денеска рече дека овој договор е класифициран и нема да биде објавен во јавноста и оти станува збор за доверлив документ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.