Иницијативите и процесите кои ги спроведува Кабинетот за политики за добро владеење во насока на јакнење на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во институциите беа презенитрани во Брисел од страна на заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на средбата со генералниот директор на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, Виле Итала, и членови на неговиот тим.

Како што пренесуваат од Владата, Грковска на средбата нагласила дека ги цени средствата на даночните обврзници на Европската Унија кои се вложуваат во нашата земја и дека тие мора да се користат соодветно на намената.

Во таа насока, таа посочи дека треба треба да се обрне внимание и да се избегне преклопување на проектите финансирани од ЕУ, но и од други донатори, пренесуваат од Владата.

Домаќините од ОЛАФ, истакнале дека имаат многу добра соработка со надлежните институции од Македонија, особено со Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) во рамките на Министерство за финансии, како нивна контакт точка за соработка.

Информирајќи за тековните и претстојните активности на ова поле, тие изразија подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза и нагласија дека е значајно да се одржи добрата соработка со OLAF низ целиот преговарачки процес, се дополнува во Владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.