Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската општина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора.
Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.