Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција Софија Филипиду.

На средбата соговорниците го потврдија заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации. Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.