Претседателката на Глас за Македонија Солза Грчева ја коментира информацијата дека Македонија е една од педесетте земји кои гласале против Резолуцијата до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, антисемитизам. Резолуцијата е предлог на Русија, а Македонија, Јапонија, Австралија и Либерија освен што биле против, предложиле амандман за осуда на Русија.

Поголема брука од оваа наша држава, нема. НЕМА!
Русија даде Резолуција до ОН за осуда на фашизмот, употреба на нацистички симболи, осуда на секој вид ксенофобија, исламофобија, анти-семитизам итн.
Резолуцијата е усвоена со 105 гласа за и околу 50 против, меѓу кои и НИЕ. Во “против” се пазете сите наши “пријатели” од колективниот Запад.
Уште повеќе, четири земји, само четири: Либерија, Јапонија, Австралија и Македонија дадоа амандман во кој велат дека иако се анти-фашистички расположени, уште повеќе се анти-руски.
Па вие чудете се зошто Бугарија само не “администрирала” и зошто ни отвораат клубови со имиња на фашистички соработници.
Вазаливе на кои им нема рамни, со скршени кичми, ни ја менуваат историјата, не прават нецивилизирани, не прават земја на зомбирана младина и народ.
Фуј, да си во друштво на оние кои го поддржуваат фашизмот и други екстремни идеологии. Се срамам во име на мојата Македонија која веќе не ја познавам.
P.S. И лани на иста ваква резолуција, против биле само САД и Украина (значи дале поддршка на фашизмот), а Севернава била воздржана!!!
Боже, добро е што ми се починати родителите, чичковците и сите можни роднини кои биле од прв ден партизани, во рамки на Народноослободителниот фронт. Барем не го видоа ова злосторство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.