Како и што се очекуваше, резулатите од пописот спроведен лани ги разлутија граѓаните. „Најголем фалсификат“, „гробари на сопствениот народ“, „корумпирани институции“, „оставка од Симовски и од Владата“, „Северџани направивте фалсификуван попис“, „лажовци, го прогласуваме пописот за умрено“, „уште малку и малцинство ќе станеме со погрешниве стаатстики“, „лесно ќе ја кантонизираат Македонија со овие брјки“ се само дел од првите реакции на социјалните мрежи објавени веднаш откако директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги соопшти официјалите резултати од пописот 2021.
Граѓаните се сомневаат во резултатот од пописот поради тоа што голем број граѓани го бојотираа пописот, многу не отворија врата поради страв од корона вирусот, а некои се жалеа дека попишувачи воопшто и не им дошле на врата.
Директорот на Заводот за статистика Симовски соопшти дека со пописот не биле опфатени 132.260 граѓани, бројка што, според него, воопшто не била фактор во конечниот резултат.
Тој вели бројката на неопфатени граѓани со пописот е мала, очекувале да биде поголема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.