Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи.
Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо“ велат од партијата.
Заклучуваат дека СДСМ и ДУИ поради инает, неспособност и неодговорност ги ставиле граѓаните во „државен притвор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.