СДС се очајни. Гледаат дека нивниот рејтинг тоне поради неспособноста, криминалот и корупцијата на владата во која партиципираат и затоа манипулираат и обвинуваат други, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Реалноста е дека локалната самоуправа има три пати поголема доверба од граѓаните, отколку Владата. Реалноста е дека таму каде што СДС раководи општини, ништо не се реализира и ништо не се работи во интерес на граѓаните, а згора на се нема ниту отчет. Реалноста е дека општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се казнувани од страна на централната власт со кратење на средства и опструкции на проекти. Реалноста е дека градоначалникот Рамиз Мерко, кој што СДС го поддржа, е единствениот градоначалник од Македонија кој е на црната листа на САД заради мешање во судството и заради корупција и за тоа нема никаква одговорност, велат од партијата.

Од таму додаваат дека реалноста е дека СДС губат и затоа мораат да лажат. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано далеку повеќе проекти отколку што тоа го направиле градоначалници од СДС. Граѓаните тоа го гледаат и може да направат разлика. Тоа е причината зошто СДС се нервозни, бидејќи народот во огромно мнозинство бара промени на централната власт и таа промена ќе се случи. Важно е Македонија да оди кон прогресот, а тоа возможно само со промена на оваа Влада на ДУИ и СДС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.