Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески ги пренесе поплаките на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со централната власт. И тој како и градоначалникот на Кумамново, Максим Димитриевски, се согласува со констатацијата дека власта треба да биде слепа за политичката определба.

Проблемите, објаснува Славески, доаѓаат на различни нивоа, а посебно го истакна попречувањето на идејата за општински обврзници.

Централната власт, која е помоќна, треба на некој начин да биде слепа, да не прави разлика на политичката провиниенција на градоначалниците, рече Славески во емисијата „Вин вин“  на телевизија Телма.

Славески се осврна на пречките во функционирање кои ги имаат општините.

Проблемот е прво кадровски. Со доделените средства општините не се атрактивни за електроинженерите, програмерите, архитектите, добрите правници. Второто прашање е и политичко, распределба на надлежностите, вели Славески.

Според Славески критериумот за баланс на распределба на средствата меѓу локално и централно ниво треба да биде, ако се делегираат надлежности треба да се обезбедат средства.

Не сакам да бидам адвокат ниту на централната ниту на локалната власт. Оттука ќе кажам парите ги нема од два аспекти, затоа што имаме високи буџетски дефицити, зборувам за централниот буџет, и затоа што сме релативно сиромашна држава, посочи Славески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.