Ми јавуваат од терен дека градоначалниците на Пробиштип и на Крива Паланка вршат злоупотреби на институциите и вршат притисоци на граѓаните, истото се случува и од страна на Сања Лукаревска врши директна злоупотреба на институциите и во Берово и во Свети Николе, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

„Меѓутоа треба да знаат, дека секоја постапка има своја последица, дека одговорноста ќе стигне на 9 мај, ги повикувам граѓаните да не се плашат и да се охрабрат, масовно да излезат на 24 април да го заокружат бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова и заеднички да ги донесеме промените, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.