Европскиот проект изградба на регионална фабрика за отпад кај светиниколското село Мечкуевци е завршена работа, порачаа 18-те градоначалници од источниот и североисточниот регион, кои го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад. Формирањето на одборот е и нивен одговор на противењето на светниколскиот градоначалник за локацијата, кој најави распишување на референдум и дека како општина нема да учествуваат во извршниот и надзорниот одбор на регионалното јавно претпријатие.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев го повтори својот став од пред две недели, дека останува против фабриката за отпад да се гради кај Мечкуевци. Одлуката ќе се донесе и на седница на Совет и по цена да му бидат одземени ингеренциите од Министерството за животна средина.

Експертите и поранешните градоначалници без разлика на нивната политичка идеологија кои се бореа за локацијата на фабриката за отпад со порака дека ова е најголемиот еколошки проект во земјава, кој Европската Унија го финансира веќе над 12 години. Локацијата од наплатата на преработката на отпадот на општината ќе и носи финасии на годишно ниво од 750.000 до над 2,5 милиони евра. Изградбата на овој современ систем за отпад во кој ќе има рециклирање е по примерот на словенечки Кршко.

Тие сметаат дека во моментов одлуката Свети Николе да се откаже од локацијата е голема авантура и може да се соочи со враќање на милионските суми, кои во наредните 30 години ќе ја банкротираат општината. Вредноста на проектот е 46 милиони евра. Проектот први го почнаа градоначалниците од Источниот, а подоцна се приклучија од Севроисточниот регион и Свети Николе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.