Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што ништо не сработиле, немаат инвестиции, немаат проекти.Градоначалниците на Струмица, Валандово, Дојран, Пробиштип, Делчево, Берово, немаат отчети затоа што не направиле ништо. Една година се на власт, а дел од нив и втор мандат, а општините кои ги водат се застанати во времето, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците од СДС, се исти како и дезертерот Ковачевски и неговата неработлива и неспособна влада.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ има реализирано проекти од над 120 милиони евра. Тоа е скоро колку што цела влада има направено со многу поголем буџет.Фокусот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е инфраструктурата, образованието, културата и спортот. Општините се претворени во сервис на граѓаните, а градоначалниците се помеѓу народот.Граѓаните јасно ја гледаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС, затоа и победата ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе биде уште поубедлива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.