Судскиот совет денеска на итна седница ги избра судиите Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев за судии во Апелациониот суд во Штип.
Судијата Ѓорѓи Андонов од Основниот суд во Штип доби најмногу гласови од Советот и покрај тоа што беше втор на ранг листата, на која прва беше судијката Цона Каламерникова, а останати кандидати беа судиите Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.
Како што се изјаснија најголем дел од членовите на Советот, својот глас за Андонов го дадоа поради тоа што, и покрај тоа што има еден бод помалку од Каламерникова, пресуден бил неговиот придонес во судството со бројните ангажмани надвор од неговото работно место.
Судијата Панев од Основниот суд Штип беше избран за судија од граѓанска област каде кандидати беа и судиите Сузана Милевска и Александар Цацков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.