Дафина Стојаноска носител во ИЕ 6 во денешното отворено студио пред Влада истакна дека Гордана Силјановска Давкова е жена која има знаење, која има став и лидер кој што ги најавува промените кои што сите ги очекуваат.

Чест ми е да говорам за професорката Гордана Силјановска Давкова, особено што изминативе 4 години во парламентот таа беше една од нашите најпочитувани колешки, сите знаеме дека е една од најдобрите професорки на Универзитетот Кирил и Методиј на Правниот факултет „Јустинијан Први“ тоа може да се слушне и од устите на правници кои што се од противничкиот табор што е доволно признание за квалитетите на нашата кандидатка за претседател но она на кое што јас се восхитувам кај професорката Гордана е начинот на кој што таа се вложуваше во парламентот при доаѓањето на секој предлог на закон и таа како експерт знаеше точно кои поенти да ги провери да ги проследи да ги анализира да направи нејзина статистика. Но јас и се восхитувам и на начинот на кој што тоа таа успеваше да го долови на еден народен јазик за да ја разбереме суштината на нејзините забелешки тој нејзин став секогаш јасно и гласно го кажуваше“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска посочи дека Гордана Силјановска Давкова пред се е жена со став жена со знаење и скромна жена.

Таа е жена со став, жена со знаење. Од друга страна Гордана Силјановска Давкова е една толку скромна жена, жена која што секогаш посветува огромно внимание на секој без разлика за кого се работи. Едноставно Гордана беше додадена вредност на целата наша пратеничка група. Таа е личност, лидер која што ги најавува промените кои што се долго очекувани од сите нас и затоа сметам дека не треба да има воопшто дилеми за кој кандидат треба да се гласа“ истакна Стојаноска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.