Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев денеска на гостување во ТВ21 на „Daily Click“, кажа дека очекува Стево Пендаровски да има 100.000 гласови помалку од минатите избори, поради фактот што ДУИ сега извадил свој кандидат, а и Максим Димитриевски сега е самиот кандидат, како и од разочарувањето од власта. Исто така напомена дека не очекува сите овие гласови да бидат дадени за Пендаровски во вториот круг, и дека очекува овојпат Силјановска-Давкова да победи.
Мислам дека Силјановска-Давкова ќе победи, генералното расположение е поинакво од она во 2019 година. Имаме голем пад на рејтинтот на власта, голем раст на разочарувањето, инфлација, корупција, споредено со 2019 година, власта е во многу неповолна позиција, а ВМРО-ДПМНЕ и генерално опозицијата е во налет. Има 2-3 фундаметални работи, во 2019 година во првиот круг власта топтан сите заедно го поддржаа Пендаровски, и ДУИ и Димитриевски, и сепак, во првиот круг Пендаровски – Силјановска-Давкова имаа речиси егал резултат, со мала разлика. Загубата за Пендаровски е неколку 100.000 гласови сигурно. ДУИ со свој кандидат, Димитриевски направи своја кандидатура, и со самото тоа ќе имаат многу помалку гласови, и ако го додеме падот на рејтингот од 2019. Имавме голема победа на локалните избори, сега имаме 50 градоначалници од пет, сега СДСМ има 15 градоначалници, рече Ѓорчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.