Историчарот Драги Ѓорѓиев вели дека Македонци во Бугарија има, тоа е факт, и тоа никој не може да го негира.
Постојат таму Македонци, јас имам пријатели кои се Македонци а кои живеат во Бугарија, и тоа е факт. На кој начин тоа ќе се надмине, тоа е веќе политичко прашање за кое јас не би сакал да навлегувам, меѓутоа она според мене кое што ја боли македонската јавност во однос на тоа прашање е недостатокот на реципроцитет и чувството дека Бугарија го диктира внатрешното уредување на Македонија во контекст на тоа бугарско малцинство овде, додека на македонската страна апсолутно не ѝ е дозволено да направи ништо за Македонците во Бугарија, вели еден од копретседавачите на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, професорот и историчар Драги Ѓоргиев во емисијата „Топ тема“.
Историчарот смета дека е потребна промена на учебниците по историја, но не затоа што тоа го сака Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.