Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.

Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.

– Работата на ДКСК е од огромна важност затоа што покажа загриженост и покрена прашања кои ги тангираат и граѓаните и институциите. Вистина е дека сите тие препораки кои што произлегуваат од ДКСК, а се неимплементирани е загрижувачки за сите нас, изјави Гир за време на донацијата на амбулантни возила на скопската Итна помош, во одговор на новинарско прашање.

Тој подвлече дека низ текот на годините опаѓа процентот на имплементацијата на препораките кои произлегуваат од ДКСК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.