Коментирајќи ги последните случувања во М-НАВ, евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека европските ставови за случувањата во јавните институции се многу јасни. Порача дека е важно назначувањата да се прават врз основа на заслуга, што би значело квалификација, вештини, искуства, неприпадност на партија или некои лични врски.
Јасно е, рече Гир, дека постојат обврски кога станува збор за воздушната навигација и обврските кон ЕУ во поглед на нивното имплементирање.
Тука се вклучува гарантирањето на независноста на телото кое е одговорно за воздухопловата навигација а второто се однесува во поглед на регрутирањето и ангажирањето дека се исполнети правните прашања и дека човечките ресурси се користат на начин кој што ќе ја гарантира безбедноста и ефикасноста на самата служба за навигација. Кога станува збор за различните тврдења во поглед на надворешните политички влијанија ги повикуваме властите да ги истражат и да дејствуваат. Кога станува збор за тврдењата во поглед на влегувањето во зградата, заканите и насилството, тоа се прашања кои треба да бидат истражени и доколку постои загриженост треба да се реагира за тоа – порача евроамбасадорот.
На прашањето како ја коментира одлуката на судот да не им се даде притвор на сторителите во случајот со М-НАВ, Гир одговори дека нема обичај да коментира одлуки на суд, но потсети дека јасно е кажано кои се обврските, односно гаранцијата на заштитата на овој и системите од критичната инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.