Две битолски средни училишта второто полугодие го почнаа со онлајн настава, додека останатите средни и основни училишта наставниот процес го продолжуваат со физичко присуство.

Наставата од дома ќе ја реализираат учениците и наставниците од средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“ каде во завршна фаза е голем реконструктивен зафат на гимназијата, како и во средното економско училиште „Јане Сандански“ каде се врши обнова на фасадата и дограмата.

Второто полугодите во останатите основни и средни училишта, како и во државното средно музичко училиште утрово во Битола почна без пречки во наставниот процес и со почитување на мерките за ковид-заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.