Можните кандидати за претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ за 2024 година ќе биде една од темите на Состанокот ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Брисел со кој ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел.
Значи и денеска се одвиваат тие разговори. Во Брисел една од темите на Советот за надворешни работи е исто така ова прашање, односно кој е ставот на земјите членки на ЕУ по однос на кандидатурите на земјите членки. Упорно работиме, во комуникација сум со повеќето министри за надворешни работи. Се надеваме дека во текот на неделата ќе се расчистат одредени дилеми за да можеме да зборуваме за конкретно решение за иден претседавач. Доколку нема, веројатно одлуката ќе биде донесена во Скопје. Дали тоа ќе биде друга земја членка, дали ќе биде Македонија, ќе одлучи Министерскиот совет во Скопје. Јас се надевам дека сите министри за надворешни работи ќе успеат да бидат присутни во Скопје, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османие, кој како претседавачот со ОБСЕ го отвори состанокот на Експертската мрежа на ОБСЕ во Скопје.
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и дали ќе присуствува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, Османи посочи дека се уште нема потврда за доаѓањето на Лавров во Скопје.
Ние ги процесуираме барањата на сите членови на руската делегација за визи и за доаѓање во Македонија. Во моментот кога ќе имаме решение сигурно ќе информираме, посочи министерот Османи.
Во однос на учеството на Русија на Министерскиот состанок на ОБСЕ, Османи минатата недела на средба со новинарите рече дека добил писмо од рускиот министер Лавров во кое покажал интерес и барање да се обезбеди негово присуство во земјава, но оти, во однос на тоа постојат одредени предизвици, бидејќи македонскиот воздушен простор е затворен за државни руски авиони.
На Министерскиот состанок на ОБСЕ што ќе се одржи во Скопје од 29 ноември до 1 декември ќе учествуваат 76 делегации од земји-членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.