Како што најавија од Синдикатот на УПОЗ на 7 и 8 април од 10 до 12 часот се организира предупредувачки штрајк, во сите институции каде што има синдикални организации.

Се надевавме дека Владата ќе има барем малку чувство и ќе направат напори да разговараме и да најдеме начин за решавање на нашите барања, но изгледа дека Владата не е заинтересирана за преговори со нас. Речиси во сите институции, управата и правосудството, на вработените не им се исплаќа минимална плата. Досега над 95 отсто од институциите продолжуваат со исплата на минимална плата под минимална плата. Останатите 5 отсто, дел не знаат што да прават па не ни ја спремаат платата, а оние кои се потрудиле да исплатат минимална плата, направиле катастрофални грешки – рече претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тој смета дека повторно само вработените во управата и правосудството се единствените кои земаат плата под минималната, што предизвикува незадоволство кај вработените.

Доколку барањата не се остварат, односно доколку не почне да им се исплаќа минимална плата на вработерните повикаа штрајкот да продолжи и наредните денови.

Прашуваат зошто власта самата не си ги почитуваат законите кои ги носи, а како пример истакна дека Министерството за финансии на 23 март објавува оглас за референет – писар, за кој предвидел плата од 14.909 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.