Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции – информира министерот за здравство, Илир Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали на Клиничкиот центар во Скопје.

Додаде дека побарал од менаџерите на Центарот да поднесат барање, за да можат да се сервисираат компресорите.

Пред девет дена се случи истиот проблем и се појавува лоша миризба во мрежата на кислород и компромиран воздух. Повторно ги повикавме независните фирми кои спроведоа испитување. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи за квалитетот за испорачаните гасови, побаравме од странска компанија и денес се испратени мостри во Германија. Од двете независни компании со лаборатории не виделе никаков недостаток во квалитетот на гасови и препорачаа да се менуваат филтрите од компресорките станици – рече министерот на прес-конференција со медиумите.

Демири обелодени дека постигнале договор за алтернативно решение – да се оперираат само итни случаи, односно дистрибуцијата на пациенти да биде за неврохируршки потреби во Градската болница, додека за другите интервенции во болницата „8-ми Септември“. Министерот истакна и дека набавени се шест компресори и можат да послужат за итни и неодложени интервенции и за пациентите кои се на КАРИЛ.

Бидејќи е необјасниво, побарав од Обвинителството да спроведе истрага и да се пронајде причината за проблемот. Додека не заврши испитувањето од Германија и не дојдат анализите, Клиничкиот центар ќе се послужи со надворешни компресори, кажа Демири пред новинарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.