Ако беше за аир, доста беше! Пуштете го Миле на слобода!, вели во својата колумна уредникот Бранко Героски, додавајќи дека и реформски и човечки е така да се постапи.
Со внимание ја прочитав темелната анализа на академик Владо Камбовски во врска со дилемата што се наметна во стручната јавност откако одбраната на осудениот во предметот „Титаник“, кој доби затворска казна од 3 години и 6 месеци, побара да му се засмета и вкупното време поминато во притвор. Како што е познато, Јанакиески е поранешен министер и функционер на ВМРО-ДПМНЕ со најдолг притворенички „стаж“ од сите. Тој досега одлежа 4 години и 8 месеци во притвор. Одбраната смета дека тој „стаж“ треба да се засмета во казната, без оглед што е стекнат за различни предмети. Академик Камбовски објави несомнено сериозна научна и телеолошка аргументација во поткрепа на својата теза дека во случајот на Јанакиески, при донесување на осудителната пресуда, Судот мора да го засмета притворот, независно за кое кривично дело против него биле покренати различните постапки. Базичниот принцип на казненото право во однос на толкувањето на законите гласи: In dubio pro reo. А тоа значи дека секогаш кога постои двоумење, треба да се одлучува во корист на обвинетиот, категоричен е Камбовски. И универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека не постои законска пречка досегашното време поминато во притвор за различни судски постапки на осудениот Миле Јанакиески да му се засмета во правосилната казна за случајот „Титаник“. Во случајов, според Калајџиев, Судот треба да се повика на принципот на правичност и да овозможи фер компензација. Немам што многу да додадам во прилог на мојот личен апел Судот во случајот на Миле Јанакиески, да демонстрира фер и коректен однос и да се приклони кон мислењето на двајцата угледни кривичари, пишува Героски.
Целата колумна на „Плусинфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.