Германската амбасада упати честитки до претседателката Гордана Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија, оценувајќи го како „историски момент“.
Историски момент: честитки до претседателката Гордана Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател на Македонија! Се радуваме на натамошниот развој на доверливата соработка и пријателство меѓу Германија и Македонија на патот кон нашата заедничка европска иднина, објави на Фејсбук Амбасадата на Германија.
Претседателката Силјановска Давкова беше инаугурирана вчера во македонското Собрание, каде даде свечена изјава пред Собранието по што започна да тече нејзиниот петгодишен мандат како шеф на државата.
Силјановска Давкова како шести претседател од осамостојувањето на државата и прва жена избрана на оваа позиција, го наследи Стево Пендаровски на претседателската функција, откако го победи на изборите одржани на 8 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.