Герила акција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој дојде за време на прес-конференција на Дарко Каевски и го праша како тој на 30-годишна возраст стекнал четири милиони во банка.

На ваквото прашање на Стоилковски, Каевски се возбуди и зацрвени како експрес лонец.

На ваквата постапка на Стоилковски реагира од СДСМ, кои преку соопштение реагираа дека голем бил стравот кај Христијан Мицкоски од тоа што сиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ излегол на површина преку признанија на поранешни високи партиски функционери и затоа го пратил Наум Стоилковски за да попречува изјава за криминал на неговата партија.

ВМРО-ДПМНЕ се уште е режимска партија, но Мицкоски и сите во раководството на партијата треба да знаат дека заврши времето кога на сила ги замолчуваа оние кои ја зборуваат вистината.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки и да се повлечат од политиката, наместо да се обидуваат да ја попречат вистината – се наведува во соопштение на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.