Поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски вели дека името ВМРО е име кое Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена.

Во времето на Гоце, Даме, историските личности тоа беше ВМРО. Самото име е име на Александров и Михајлов. Тие сами по себе контроверзни и ги спомнувавме во пакет. Со тек на времето, Александров доби легитимитет и го рехабилитираа. Кога зборуваме за Ванчо Михајлов, не зборуваме за да му се постави улица, но не можете да го етикетирате во македонската историја, затоа што се двата лидери на ВМРО кои го држат македонското прашање меѓу двете светски војни. Тие се двајцата лидери чии имиња е синоним за автономна, самостојна и обединета Македонија, кажа Георгиевски во емисијата „Клик плус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.