Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-буграската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев.

-Не може Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници, вели Георгиев во интервју за Канал 77.

Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.

-Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години, рече професорот Георгиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.