Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија нема да биде доволен за кревање на ветото на Софија за Скопје, појасни денеска бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска пред бугарските новинари во Брисел, јавува 24часа. Таа потврди дека притисокот врз Софија е голем, но дека ставот на Бугарија е еден.

Има претставници на кабинетот и различни институции кои, се надевам, веќе разбраа дека Бугарија не може да има две надворешни политики. Ако има некаков напредок за тоа како ќе се развиваат нашите односи со Македонија во иднина, сето тоа ќе помине низ одлука на Националното собрание – порачува министерката.

Ќе продолжиме да објаснуваме каков е нашиот став, што очекуваме од преговарачкиот процес и какви гаранции сакаме да бидат вклучени во преговарачката рамка – додава Генчовска во пресрет на посетата на Оливер Вархеји во Софија.

На прашањето дали може да се очекува напредок во јуни министерката изјави:

Од самиот почеток, целиот процес се заснова на сопствените заслуги на Македонија, на ниту еден начин врзан за датуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.