Отворени сме за опозициски блок со сите партии Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Тетово одржува средба со структурите на Алтернатива. Ова е втора средба на Гаши по онаа на Куманово, пренесува Топ24.

Пред почетокот на средбата Гаши истакна дека централното раководство на партијата одлучило да ја отвори партијата за нов опозициски блок.

Запрашан дали имале средби со „Огнената група“ и дали ова отворање важи и за неговата поранешна партија Движењето Беса, Гаши рече дека од утре ќе започнат контактите со сите.

„Конкретно во моментов немаме, но денеска имавме состанок на раководството и донесовме одлука да отвориме канал за соработка со останатите субјекти и во наредните денови во иднина ќе гледаме да комуницираме со сите партии. Ние сакаме да комуницираме со сите партии и да видиме потоа која е можноста за соработка“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.