Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари прва средба по изборот на функцијата со амбасадорката на Швајцарија во државава Вероник Улман која ја реафирмилата поддршка за нашиот евроинтеграциски процес.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши изразил задоволство за политичките односи на двете земји, кои посочил дека се карактеризираат со пријателство и разбирање, но и отворен дијалог.

Транспарентноста и пријателскиот однос со Сојузниот парламент на Швајцарската Конфедерација со Собранието на Република Македонија со сигурност ќе продолжи во периодот што следи, истакнал Гаши.

Во соопштението стои дека посебен акцент Гаши ставил на трудот на швајцарската Влада  во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Македонија, кој преку проекти продолжува и понатака да обезбедуваат поефикасно и потранспарентно функционирање на Собранието.

Честитајќи му го изборот на Гаши за претседател на Собранието, амбасадорката Улман изразила благодарност за остварената средба и очекување дека новиот парламентарен состав ќе работи посветено на остварување на стратешката цел на земјата за полноправно членство во Европската Унија.

Амбасадорката Улман изрази надеж дека одличната соработка на двете земји ќе продолжи и понатака, но и на повеќе нивоа. Уште еднаш силно даде поддршка за државава за евроинтеграцискиот процес, сметајќи дека на Република Македонија, како и на другите земји на Балканот, местото им е во ЕУ. Соговорниците беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.