Африм Гаши – претседателот на Собранието на денешниот брифинг со новинарите рече дека на седницата на 3. септември ќе ја стави на дневен ред интерпелацијата за неговото работење, и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.

На седницата на Собранието на 3. септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа, рече Гаши.

Барањето за интерпелација е поради неколку причини – молитвата во Собранието, случајот со аеродромот и косовската претседателка и заминувањето на свадба во Косово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.