Жителите на Галичник веќе со години имаат секојдневни средби со мечки, за кои како што велат, нивниот број постојано се зголемува и поради тоа се загрижени за својата безбедност.
Оттаму информираат дека повеќе пати официјално побарале помош од Министерството за животна средина и до Државниот инспекторат за ловство преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.
„Ве информираме дека со пристуството на мечки во Галичник е загрижувачка, а веќе станува збор за неколку „семејства“ со мали мечиња. Галичник особено живее за време на летните месеци, каде што присутни се и повеќе дечиња, но поради појавата на мечки, жителите стравуваат за нивната безбедност, па движењето низ селото, но и во околината, па поради тоа апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, пишува во дописот.
Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња.
Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде – велат жителите на селото.
Тие потенцираат дека има страв кај населението и бараат во најбрз можен рок да се преземат мерки и активности, но никако не бараат дозвола за отстрел и инсистираат то да биде последна опција за решавање на проблемот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.