Поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија г. г. Стефан во неговотото велигденско обраќање порача дека ќе им одолееме на оние што ја оспоруваат вистината за нашето македонско вековно постоење.

„Имаме надеж дека ќе одолееме на сите напади од оние кои што ја оспоруваат вистината за нашето македонско вековно постоење и за нашата народна и културна посебност, а во ова и вакво време со сите светски искушенија по мирот и просперитетот. Со нашето богољубие и човекољубие да се покажеме достојни сведоци на воскресението и вистински последователи на Христа воскреснатиот, на миротворецот кој ги измири небото и земјата. Поздравувајќи ве во Христа воскреснатиот возљубени чеда на мајката Македонска црква и вас во татковината и вас раселените по светот ви посакуваме велигденската да ви биде постојата радост“, порача поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија г. г. Стефан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.