По повод 15 години од загинувањето на нашата најголема музичка ѕвезда во Крушево се организираше „Меморијал Тоше Проескии“ специјализираната ревија на изворни македонски шарпланинци и коњи, каде покровител беше Општина Крушево, а организатори се коњичкиот клуб „Мусица“ и Енџел Мјузик. Одгледувачите на овие кучиња се особено горди на нив бидејќи ги сметаат за чиста раса, која била поубава и поинтелегентна од урбаните шарпланинци кои на сите ни се познати. Станува збор за овчарски кучиња, кои се доволно силни да се борат со волците.

„Македонско кинолошко богатство. Ги има во разни варијанти. Така е и на самот терен. Еве пример ова е тип на карабаш, прочуен постар пес, со изразито забало, тој мора да биде моќен за да се бори со волците кои имаат страшно силна вилица“, вели Тони Шмит, кинолог и одгледувач на стари автохтони македонски шарпланинци.

Освен до Македонија имаше гости и од соседна Србија каде исто така просперира овој вид кучиња. Овие кучиња за жал бидејќи се изворна раса не можат да добијат педигре и поребни документи за на изложби.

„Ова е овчарски пес. До скоро беше на бачило чуваше овци, а сега моментално е кај мене дома. Ја продолжуваме линијата на таа стара изворна раса на шарпланинци“, вели Иван Стојановиќ, одгледувач на изворна раса на шарпланинци.


Извор: Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.