По информациите за незаконска исплата на платите на веќе поранешната директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, Фондот за здравство изврши вонредна контрола на дел од клиниките во кампусот „Мајка Тереза“. По ова следеа оставки од неколку медицински директори, како и организацискиот директор исто така на Детската клиника.

Правниците по ова отворија неколку дилеми. Првата, зошто одговорност се бара прво од медицинските, кога тие не можат по ова прашање да сторат ништо без организациските. Второ, велат правниците, клучен е моментот што не се обелоденува дали имало редовни контроли од Фондот за здравствено осигурување. Трето, извештаите од ФЗО за работата на здравствените установи треба да бидат достапни за јавноста, бидејќи ако тие не се достапни тоа значи дека институциите работат нетранспарентно.

Вообичаено контроли врз работата на јавните здравствени установи прави Фондот во март или април. Потоа доколку има забелешки во извештаите подготвени од ФЗО се интервенира по истите. Клучно во сето ова е и извештаите за надзор на работата на здравствените установи треба да бидат јавни, те. достапни за секого, објаснуваат правниците.

Отттука велат тие, нејасно е дали сега воопшто се вршат тие контроли врз јавните здравстевни установи.

Доколку ФЗО извршил редовна контрола како што тоа вообичаено се прваи во првите три месеци од годината зошто не е реагирано за објавените неправилности во октомври годинава. Или можеби Фондот воопшто не врши редовни контроли и ако не го прави тоа зошто е тоа така. За ова некој мора да сносни одговорност, објаснуваат правниците.

Сепак и по објавувањето на неправилностите се се сведе само на оставки од двајца медицински и еден организациски директор по што се запре повторно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.