Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“. Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Што е различно во овој случај?

Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните.

Зошто СДС е засегната партија во овој случај?

Дали СДС заговара непочитување на законите?

Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДС.

Македонија според „Економист“ е хибриден режим се уште, со загрозени права и слободи.

Ова е она на што треба СДС да се посвети.

Промените доаѓаат. Тоа значи дека народот ќе си ја земе контролата во свои раце. Македонија повторно горда, значи Македонија повторно твоја, додаваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.