Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се утврдени предлозите за амбасадори на земјава во Бугарија, Канада и во ООН.
-По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори: Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Организацијата на Обединетите нации. Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.
Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места, додава во објавата Османи, ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.