Професорот Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на местото амбасадор и постојан претставник на Македонија во ОН во Њујорк, јавува Либертас.
Оставката Фрчкоски ја поднел на претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го известил МНР.
Професорот Фрчкоски очекува оставката да биде усвоена и да биде разрешен од функцијата со Указ на Претседателката, како што и е назначен.
На прашањето дали тоа и како ќе се одрази на работата на Мисијата на РМ во Њујорк Фрчкоски одговора:
Не мислам дека на било каков начин тоа ќе се одрази на функционирањето во техничка смисла на Мисијата која и до сега работела само бирократско-технички. Но има, за жал, шанса да се направи голема штета и срам за државата во една конкретна смисла и по повод еден конкретен случај, вели Фрчкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.