Започнувајќи ја својата балканска турнеја, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска е во Албанија, во четвроток доаѓа во Македонија, потоа Босна и Херцеговина, а завршува Со Црна Гора, Србија и Косово.

Ова е запишано во календарот објавен на веб-страницата на Европската комисија.

Денеска Фон дер Лајен ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, а утре ќе дојде во Скопје и ќе има средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Потоа, ќе отпатува Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави од каде ќе замине во Србија на состанок со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а на крај во Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.