Европскиот совет уште во 2020 година донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и со Албанија, изјави денеска во Софија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков, и побара Бугарија да помогне за реализирање на таа одлука.
Таа истакна дека правата на малцинствата се во основата на европските договори и вредности и дека заштитата на малцинските права е основна вредност и тие се во фокусот на вниманието.
Фон дер Лајен нагласи дека е важно ЕУ да го исполни своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа.
Претседателката на ЕУ рече дека ништо нема да е исто како што било пред војната во Украина. На крајот таа повтори дека треба да се исполни ветувањето кон партнерите од 2020 година и оти смета на Бугарија дека вешто ќе го води процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.